Четврти јавен повик за ИПАРД

Bez autora
Jun 15 2011

Во јули ќе биде објавен четвртиот јавен повик за доставување на барања за користење средства од Петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија (ИПАРД-Програмата 2007-2013). Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информираат дека планираните финансиски средства за овој јавен повик изнесуваат 18.565.000 евра од кои 75 проценти се придонеси од ЕУ, а 25 проценти од Буџетот на РМ. Средствата се наменети за инвестиции на земјоделските стопанства и инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со цел нивно преструктурирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Четврти јавен повик за ИПАРДВо јули ќе биде објавен четвртиот јавен повик за доставување на барања за користење средства од Петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија (ИПАРД-Програмата 2007-2013).

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информираат дека планираните финансиски средства за овој јавен повик изнесуваат 18.565.000 евра од кои 75 проценти се придонеси од ЕУ, а 25 проценти од Буџетот на РМ.

Средствата се наменети за инвестиции на земјоделските стопанства и инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со цел нивно преструктурирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Огласот ќе трае 45 дена од денот на објавување на повикот во дневните весници. Потребната документација за подготовка и поднесување на барања и упатствата за корисниците на средства од ИПАРД-Програмата 2007-2013 ќе бидат објавени на веб-страницата на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик.

Од Агенцијата информираат дека во тек е исплата на средствата за корисниците кои успешно ги реализирале своите инвестиции согласно потпишаните договори за користење на средства од ИПАРД-Програмата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik